Федерер поради повреда го предаде мечот против Циципас во Рим

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер поради повреда на ногата го откажа настапот во четвртфиналето на Мастерсот во Рим против Циципас. Швајцарецот по 2016 година повторно се појави на турнирот во „вечниот град“. Првиот настап по враќањето во Рим тој требаше да го има во средата, но поради дождот, вчера играше два натпревари. Тој во ист ден ги совлада Португалецот Жоао Соуза и Хрватот Борна Чориќ.

Поради откажувањето на Федерер, грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето каде што го чека подобриот од мечот меѓу Рафаел Надал и Фернандо Вердаско.

 

Се вчитува...