Федерер: Постојано ги следам Ѓоковиќ и Надал

Поранешниот светски рекет број еден, Роџер Федерер и покрај пензионирањето вели дека постојано следи што прават на турнирите неговите поранешни лути ривали, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Федерер нагласува дека и тоа како го следи професионалниот живот на двајцата тенисери.

„Следам што прават Ѓоковиќ и Надал. Знам кога Новак соборува рекорд или кога Рафа се подготвува да се врати. Се разбира, не го организирам животот за да гледам што прават, туку следам тенис. Тажен сум што Надал не може да игра колку што сака. Знам дека се повлече од Индијан Велс, но се надевам дека ќе се врати на натпреварите“ – вели Федерер, кој не крие дека е среќен како „пензионер“.

„Во Лондон, на мојот последен меч, кога бев опкружен со Енди, Новак, Рафа и Борг, реков дека е соодветно да бидам првиот што ќе се пензионира. Сега и нив ги очекува сличен момент. Ќе ми биде жал ако Мареј се пензионираше порано поради колкот или Надал поради колената. Се надевам дека сите тие успешно ќе ги привршат своите кариера на најдобар можен начин“ – истакнува Швајцарецот.

Се вчитува...