Федерер потврди – ќе игра во „вечниот град“ (ВИДЕО)

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер го потврди настапот на Мастерсот во Рим кој почнува во понеделник. Швајцарецот вчера доживеа пораз од Доминик Тим во четврфиналето на Мастерсот во Мадрид, а по мечот не беше сигурен дали ќе игра во „вечниот град“ како загревање за Ролан Гарос.

Сепак, како што денеска објави на Твитер, по краток разговор со тимот, заеднички одлучиле тој да се појави на Мастерсот во главниот град на Италија.

Федерер последен пат на турнирот во Рим настапи во 2016 година, каде во осминафиналето беше сопрен од Австриецот Доминик Тим. Мастерсите во Рим и Монте Карло се  двата АТП-1.000 турнири кои недостигаат во богатата кариера на Швајцарецот.

Турнирот започнува на 13. мај, а покрај Федерер своето учество го потврдија и Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

 

 

Се вчитува...