Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во третото коло на УС опен, откако потешко од очекуваното го совлада Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина со 3-1, по сетови (3-6, 6-2, 6-3 и 6-4).
Легендарниот Швајцарец повторно лошо го почна мечот, губејќи го првиот сет со 6-3. Во продолжението на мечот успеа да ја пронајде препознатливата игра и со три рутински освоени сета обезбеди пласман во третото коло на последниот грен-слем турнир во годината, каде ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Британецот Еванс и Французинот Пуј.
На третиот ден на УС опен организаторите имаат проблеми со дождот, а натпреварите се суспендирани на сите терени, освен на двата најголеми кои се покриени со кров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА