Новак Ѓоковиќ останува на првото место на АТП листата и покрај раната елиминација на Мастерсот во Мајами. Србинот 245. недела на врвот ја почна со 11 070 поени. На второто место останува Рафаел Надал со 8 725 поени, а трет е Германецот Александар Зверев.
Трофејот на вториот мастерс-турнир во сезоната во Мајами, на Роџер Федерер му обезбеди враќање на четвртото место, на сметка на Австриецот Доминик Тим кој сега е петти. Меѓу најдобрите десет се наоѓаат и Кеи Нишикори, Кевин Андерсон, Стефанос Циципас, Хуан Мартин Дел Потро и Џон Иснер.
Кај дамите Наоми Осака останува на првото место со минимална предност пред Симона Халеп која се врати втората позиција. Трета е Петра Квитова од Чешка, а нејзината сонародничка Каролина Плишкова е четврта. Петта е Анжелик Кербер, а до осмото место следуваат: Кики Бертенс, Елена Свитолина и Слоун Стивенс. Шампионката од Мајами, Ешли Барти е деветта што е најдобар пласман во кариерата, а топ 10 го заокружува Арина Сабаљенка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА