Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер потешко од очекуваното се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Хале, откако во четвртфиналната фаза го совлда Баутиста-Агут со 2-1 (6-3, 4-6 и 6-4). Швајцарецот подобро го почна мечот правејќи брејк уште во првиот гем, кој беше доволен за освојување на воведниот сет.
Во вториот сет се променија улогите, а раниот брејк на Баутиста-Агут беше доволен за израмнување.
Во одлучувачкиот сет се водеше битка до самиот крај, а на 5-4, Федерер успеа да стигне до брејк кој значеше конечна победа. Во полуфиналето Федерер ќе се сретне со Пјер-Уго Ербер кој денеска беше подобар од Борна Чориќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА