Петкратниот освојувач на титулата на тенискиот гренслем УС Опен, Роџер Федерер, се пласираше во осминафиналето на годинашното издание на турнирот во Њујорк откако во дуелот од третото коло со 3-0 во сетови го совлада Ник Киргиос. За Федерер ова е 17-ти пласман во осминафиналната фаза на УС Опен.
За нешто помалку од два часа, вториот турнирски носител го доби мечот со незгодниот противник кој пружи најсилен отпор во третиот сет. Федерер во воведниот сет беше подобар со 6-4, во вториот беше доминатен и го доби со 6-1, додека во третиот сет мораше да се помачи и го доби со 7-5 во гемови.
Следен противник на Швајцарецот, во осминафиналната битка ќе биде Џон Милман кој во оваа фаза од турнирот дојде по победата над Михаил Кукушкин со 3-1 по сетови.
На женскиот дел од турнирот, своевиден подвиг направи Доминика Цибулкова која ја елиминираше четврторангираната Анжелик Кербер за пласман во осминафиналето. Цибулкова го доби дуелот со 2-1 во сетови и во следното коло ќе игра против ланската финалистка, Американката Медисон Кис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА