Федерер преку Нишикори во пет сета до четвртфинале во Мелбурн

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен, откако во пет сета (6-7, 6-4, 6-1, 4-6, 6-3) го совлада Јапонецот Кеи Нишикори. По долга и исцрпувачка борба, три и пол часа тенис, Федерер конечно успеа да го скрши отпорот на Нишикори и да го совлада во петтиот сет. Во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Миша Зверев, кој успеа да го елиминира првиот светски рекет, Енди Мареј.

Нишикори го освои првиот сет во тај-брејк, но Федерер се врати добивајќи ги следните два сета со 6-4 и 6-1 во гемови. Јапонецот не се предаде, го освои четвртиот сет со 6-4 и мечот продолжи во петти сет. А таму Федерер имаше повеќе сила и концентрација, и успеа да го комплетира триумфот. Мечот го заврши со 83 „винери“.

 

Се вчитува...