Роџер Федерер ќе игра во финалето на АТП турнирот во својот Базел, откако славеше во полуфиналната пресметка против Белгиецот Гофин во два сета.
Федерер стигна до триумфот убедливо победувајќи го Гофин со 6-1,6-2.
Во финалето, швајцарскиот тенисер ќе се соочи со Хуан Мартин Дел Потро кој претходно со 6-4,6-4 го победи Хрватот Марин Чилиќ.
Интересно, Федерер досега само два пати од 2010 година загубил во Базел, и тоа и во двата наврати од Хуан Мартин Дел Потро со кого ќе се сретне во утрешното финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА