Федерер: Ролан Гарос без Надал е тежок удар за тенисот!

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер вели дека неиграњето на Рафаел Надал на Ролан Гарос би било тежок удар за тенисот.

Надал поради повреда на мускулот на левиот колк, четири месеци е надвор од терените, досега откажувајќи ги настапите во Монте Карло, Барселона, Мадрид, а оваа недела и во Рим.

„Би било тоа брутално, тежок удар за тенисот. Се уште се надевам дека ќе се опорави, видов дека се повлече од Рим, му посакувам навистина брз опоравување“ – вели Федерер за „Скај спорт“.

Федерер се повлече од тенисот минатата година. Во својата кариера освои 103 турнири, а 310 недели беше број еден на АТП листата, освојувајќи и 20 грандслем титули.

Се вчитува...