Федерер: Сакам Новак да продолжи да ги урива рекордите

Поранешниот тенисер број еден во светот и човекот кој се уште има најмногу титули на Вимблдон, Роџер Федерер, накратко повторно го спомна Новак Ѓоковиќ.

Доколку српскиот тенисер ја освои титулата на овогодинешниот Вимблдон, ќе го израмни рекордот на Швајцарецот, кој во својата кариера освои осум титули во Лондон, додека Новак има седум досега.

„Новак нека продолжи да урива рекорди. Се надевам дека Енди ќе може да игра колку што му дозволува колкот, бидејќи се уште има желба. Рафа знае дека беше во тешка ситуација и верува дека може да продолжи да победува колку што е можно“, рече Федерер.

Се вчитува...