Федерер: Сакав во пензија, Мирка ме премисли…

Роџер Федерер бил на прагот на завршување на својата кариера пред неколку години, но се премислил по разговорот што го имал со својата сопруга Мирка. Тој беше без гранслем титула од 2012 година, а во 2016 мораше да отсуствува шест месеци поради проблем со коленото. Целосно отпишан од јавноста, Федерер се врати во голем стил, па до неодамна дури и беше на врвот на АТП-листата.

Како што вели тој, најзаслужна е неговата сопруга и советот што му го дала додека се сомневал дали повторно ќе може да игра тенис на највисоко ниво.

„Вечеравме и останавме сами, а јас бев во период кога се сомневав дека можам да играм на посакуваното ниво. Размислував и за пензија и ја прашав Мирка за совет – таа ми рече дека не гледа зошто не би играл и победувал на големи турнири, само доколку се чувствувам онака како што треба. Разговорот не беше долг, но ми ја врати самодовербата. Повторно уживам играјќи тенис, но и внимавам на распоредот, затоа и паузирам во одредени периоди од годината бидејќи не сакам да се преоптоварам“ – изјави Федерер.

Се вчитува...