Федерер: Се надевам дека Алкараз ќе ја освои титулата на Австралија опен

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер изјави дека се надева дека Шпанецот Карлос Алкараз ќе триумфира на претстојниот Отворен турнир на Австралија и ќе стане најмладиот играч што ги освоил сите четири гранд-слем турнири.

Алкараз досега има освоено два трофеи на Вимблдон, два на Ролан Гарос и два УС опен, а на Отвореното првенство на Австралија 22-годишниот Шпанец не успеа да го помине четвртфиналето.

До 2004 година, Федерер освои три гранд-слем титули, а титулите ги комплетираше со триумф на Ролан Гарос во 2009 година.

„Како кога голферот Рори Мекилрој оди на Мастерс турнирот, тие работи се тешки. На толку млада возраст, би било лудо да се освои кариерен гранд-слем. Да видиме дали е способен да направи нешто такво лудо. Се надевам дека ќе го стори тоа бидејќи за тенисот тоа би бил неверојатно посебен момент“, рече Федерер.

Се вчитува...