Федерер се намачи на стартот од турнирот во Базел

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер успешно ја стартуваше одбраната на титулата на турнирот во родниот град Базел. Сепак, се намачи со Србинот Филип Крајиновиќ кој успеа да му одземе еден сет. Федерер славеше с0 2-1 во сетови и се пласира во осминафиналето, каде ќе ги одмери силите со Јан-Ленард Штруф.

Швајцарецот го доби првиот сет со 6-2 во гемови, но потоа ја загуби концентрацијата, направи неколку несфатливи грешки и му дозволи на Крајиновиќ да го освои вториот сет со 6-4.

Сепак, во решавачиот сет работите си дојдоа на свое место, Федерер повторно доминираше и го заокружи со 6-4 во гемови.

Се вчитува...