Федерер се појави на милијардерската листа на „Форбс“

Роџер Федерер беше тениски великан како играч, но на Швајцарецот подеднакво добро му оди и откако ја заврши професионалната кариера.

Доказ за тоа е фактот дека Федерер се појави на најновата листа на магазинот „Форбс“, како најнов милијардер во светот на спортот. Богатството на 44-годишниот Швајцарец се проценува на 1,1 милијарда долари, јасен доказ за успешните бизнис инвестиции на Федерер и по завршувањето на тениската кариера.

Ова е првпат Федерер да се најде на милијардерската листа на „Форбс“, каде од спортските легенди друштво му прават Тајгер Вудс и Леброн Џејмс.

 

Се вчитува...