Федерер се уште не знае кога ќе се врати на терените

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и понатаму не знае кога ќе се врати на терените. Последниот меч го одигра на Вимблдон минатата година каде во четвртфиналето беше елиминиран од Полјакот, Уберт Хуркач.

Федерер соопшти дека дури во април или мај ќе знае кога ќе може повторно да игра, а тоа во овој момент не е познато и се уште трае неизвесноста дали некогаш ќе се врати.

„Чувствувам дека во април ќе знам повеќе, како ќе се чувствувам физички. Сега не можам да трчам, ниту премногу да го оптеретувам коленото. Се надевам дека за неколку недели ќе можам да почнам со поозбилни вежби. Ќе видиме како ќе реагира моето тело“, изјави Федерер. 

Се вчитува...