Изминатата година донесе многу промени во машкиот тенис. Новак Ѓоковиќ повеќе не е светски рекет број еден, а од тоа место го истурка Енди Мареј. Роџер Федерер и Рафаел Надал повеќе време минаа надвор од терените отколку на нив поради повреди и изгубија место во петте најдобри тенисери во светот според АТП ранг листата.
Првата ранг листа во 2017 година најавува интересна година во тенисот. Енди мареј сè уште е на врвот со речиси 2.000 поени повеќе од второрангираниот Ѓоковиќ. Трет рекет во светот е Станислас Вавринка, кој за разлика од првите двајца стигна до полуфиналето на Австралија Опен, првиот Гранслем турнир од оваа календарска година.
Рафаел Надал настапи во финалето што беше доволен успех за напредок од три места на ранг листата. Шпанскиот тенисер сега е шесторангиран пред Марин Чилиќ, Доминик Тем и Гаел Монфилс.
Топ десет ги заокружи Роџер Федерер кој направи скок од седум места на АТП ранг листата. Швајцарскиот тенисер поголемиот дел од минатата година се мачеше со повреда на грбот и на коленото, но се врати на најдобар можен начин- освојувајќи ја својата 18. гранслем титула, на Австралија Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА