Федерер: Секој следен турнир може да ми биде последен

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер свесен е дека секој следен турнир може да биде негов последен во кариерата. Швајцарецот по три години се врати на турнирите на земја, откако учествуваше на Мастерсите во Мадрид и Рим, а ќе биде дел и од вториот Грен-слем во сезоната, Ролан Гарос.

„Поради годините што ги имам секој следен турнир може да биде мој последен. Но, да се простам од француската публика на Ролан Гарос, не размислувам така, сакам уште да играм, ако се чувствувам подготвено ќе играм. Не сум фаворит за освојување на трофејот. Се надевам дека ќе успеам да остварам неколку победи, да влезам во втората седмица“, изјави Федерер. 

Вториот Грен-слем во сезоната Ролан Гарос почнува на 26. мај, а Швајцарецот на турнирот ќе биде поставен за трет носител.

Се вчитува...