Федерер: Серена претера на УС Опен

Роџер Федерер ја разбира реакцијата на Серена Вилијамс, но смета дека Американката „отишла предалеку“ во финалето на УС Опен кое го загуби од Слоун Стивенс.

„Серена требаше да се повлече. Таа го направи тоа, но предоцна откако веќе претера во реакцијата. Судијатa навистина навистина не требаше толку да ја предизвика. Целата ситуација беше многу специфичен случај“  – вели Федерер.

Ова е првата рекација на Федерер за случувањата во финалето на грен-слемот во Њујорк. Од друга страна пак Швајцарецот сосема е на страната на тенисeрките во борбата со нееднаквите правила кои важат во тенисот. Смета дека е комплетна глупост забраната на црниот костим кој го носеше Вилијамс на Ролан Гарос.

„Не разбирам што е проблемот со оделото на Серена или со пресоблекувањето на Алис Корне. Апсолутно сум на страна на девојките. Едноставно оставете ги на мира“ – порачува најтрoфејниот тенисер во историјата.

 Федерер е познат по џентламенскиот однос. Тој што речиси никогаш не реагира бурно во тек на мечевите и никогаш во кариерата не бил поврзуван со никакви скандали.

 

Се вчитува...