Федерер шокиран во Мајами од Австралиецот Кокинакис: Го губи 1. место на АТП листата

Светскиот рекет број еден, Швајцарецот Роџер Федерер доживеа вистински шок со елиминацијата на АТП Мастерсот во Мајами од 21-годишниот Австралиец Танаси Кокинакис.

По речиси два и пол часа игра, по мачна битка Федерер мораше да го признае поразот од 175-от тенисер во светот кој славеше со 3-6,6-3,7-6(4).

Федерер во третиот сет имаше и меч топки при водство од 6-5 во сетови, но Кокинакис успеа да го одведе мечот кој тај-брејк па на крајот и да слави против Швајцарецот.

Со оглед на тоа што Федерер ја бранеше титулата од минатата година во Мајами, сега не успеа да одбрани 1.000 АТП поени, па на следниот ранкинг на АТП листата ќе загуби првото место кое ќе го преземе Шпанецот Рафаел Надал.

Се вчитува...