Роџер Федерер во септември 2022 ја заврши својата блескава тениска кариера, но Швајцарецот не крие дека сега сериозно размислува да му се врати на овој спорт.
Првата година по пензионирањето тој гордо изјавуваше дека тенисот воопшто не му недостига, но во меѓувреме очигледно ставот на оваа тема е целосно променет.
„Доста ми е од играње голф, завршив со тоа. Немам конкретни планови, но би сакал повторно да играм тенис. Да се вратам, да играм два три пати неделно, можеби егзибициски мечеви. Желба ми е повторно да ги полнам стадионите ширум светот“ – изјави Федерер.
Моментно тој е ангажиран околу организацијата на тенискиот спектакл „Лејвер Куп“.
„Атмосферата на Лејвер купот е сосема поинаква од Вимблдон или од било кое друго АТП натпреварување. Црната боја на теренот го дополнува амбиентот, но на што е навистина специјално е тоа дека е собрана елитата на европскиот тенис“ – вели Роџер Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА