Роџер Федерер продолжува со импресивните настапи, откако во голем стил го мина и третото коло од Мастерс-турнирот во Индијан Велс, совладувајќи го Крајиновиќ со 6-2, 6-1. Убедливата победа е сосема очекувана, но Федерер сепак успеа да се надмине себе си, освојувајќи дури 17 поени во низа на мечот со ривалот од Србија. Следен противник на прворангираниот светски тенисер ќе биде Французинот Шарди, кој славеше во вчерашниот дуел против сонародникот Манарино.
Само за потсетување, Федерер брани 1.000 бодови поради ланскиот триумф во Индијан Велс, па годинава мора да стигне најмалку до полуфиналето за да се задржи на врвот на АТП-листата.
Борна Чориќ неочекувано лесно и убедливо го декласираше Баутиста Агут со 6-1, 6-3, Тием поради повреда во третиот сет го предаде мечот со Куевас, а својот настап во Индијан Велс го заврши и Бердих, кој загуби со 0-2 во сетови од Кореецот Чунг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА