Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер беше еден од првите тенисери кои му испратија порака на Рафаел Надал по неговата објава за крај на кариерата. Надал во многу наврати потенцираше дека Федерер му е најголемиот ривал, иако во кариерата одигра најмногу натпревари против Новак Ѓоковиќ.
„Каква кариера, Рафа! Отсекогаш се надевав дека овој ден никогаш нема да дојде. Ти благодарам за незаборавните спомени и неверојатните достигнувања во играта што ја сакаме. Беше апсолутна чест“, напиша Федерер.
Ќе останат запаметени нивните натпревари во финалето на Ролан Гарос и особено на Вимблдон, каде со своите игри ги поместија границите на тенисот и заедно со Новак Ѓоковиќ ја формираа „големата тројка“ која долго време доминираше во светот на тенисот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА