Федерер со критики за Зверев: Многу е пасивен, треба да верува во себе!

Александер Зверев иако важеше за предводник на новата генерација тенисери, сепак времето не работеше за него па се уште, на 27 години, е без освоен грандслем трофеј.

Токму затоа Роџер Федерер, од свој агол го анализираше германскиот ас испраќајќи серија критики на негова адреса.

„Не сум негов тренер, па можам да зборувам отворено. Кога го гледам, гледам некој кој игра премногу пасивно. Тој е премногу одбранбен во решавачките моменти. Тој е одличен во дефанзивата, но за да победува, мора да гледа напред, многу напред. Ако го примени тоа во својата игра, може да постигне големи работи“ – вели Федерер и дополнува:

„Ако сакаше да бидеш победник, мора да преземеш иницијатива и да бидеш офанзивен. Тој е одличен играч, но за да освоиш грандслем трофејот треба да веруваш во твоите удари, да играш понапаѓачки. Мора со цело тело да верува, титулите нема сами да дојдат“.

Се вчитува...