Роџер Федерер имаше извонредно враќање на земјена подлога, лесно совладувајќи го Ришар Гаске со 2-0 сетови на својот премиерен меч на турнирот во Мадрид. Швајцарецот неколку години воопшто не настапуваше на земја, но тоа не му пречеше вечерва лесно да го наметне својот стил на игра и рутински да триумфира над незгодниот ривал.
Федерер лесно стигна до брејк во раната фаза од мечот и го доби првиот сет со 6-2, а потоа славеше и во вториот сет со 6-3, за конечен триумф за само 52 минути игра.
Швајцарецот во следната рунда ќе се сретне со победникот од дуелот Фуксович – Монфиј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА