Федерер со триумф го одбележа 1500. меч во кариерата

Роџер Федерер со победа за пласман во осминафиналето на турнирот во Базел над квалификантот Петер Гојовчик од 2-0 во сетови го одбележа јубилејот, 1500 меча во кариерата. Швајцарецот беше доминатен во пресметката и загуби два гема во воедниот и само еден гем во вториот сет.

На турнирот во неговиот роден град, Федерер е рекордер според бројот на освоени титули. Девет пати трумфираше 2006–2008, 2010–2011, 2014–2015 како и во  2017–2018 година.

Следен противник за швајцарскиот ас пред домашната публика ќе биде подобриот од дуелот меѓу Албот и Лајовиќ.

 

 

Се вчитува...