Прекинот на соработката на Новак Ѓоковиќ и на Горан Иванишевиќ беше големо изненадување за тенискиот свет, а меѓу оние кои доживеале шок е поранешната олимписка шампионска Моника Пуиг.
Моника во 2016 година го освои златото во Рио де Жаниеро, беше 27 на светот, а во изјавата на „Тенис чанел“ даде интересна изјава поврзана за идниот тренер на Ѓоковиќ.
„Малку е шок, но навистина сум радознала да видам кој ќе биде идниот тренер. Малку се шегуваме и вела дека во моментов Федерер ништо не работи. Би можело тоа да биде добра соработка“, рече Пуиг.
„Но, мислам дека Новак знае што прави. Тој ова го работи доволно долго, за да знае што е најдобро за него и за неговата кариера“, изјави Порториканката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

