Роџер Федерер се закити со нов трофеј во својата фантастична кариера, по осми пат стигнувајќи до пехарот на својот „домашен турнир“ во Базел. Тој денеска имаше достоен ривал во Хуан Мартин дел Потро, па по голема битка успеа да го совлада Аргентинецот, од кого веќе имаше загубено две финалиња во Базел, во 2012 и во 2013 година.
Мечот мина во фантастична израмнета борба, а Федерер пропушти одлична шанса во првиот сет, кога имаше 5-4 и сервис, но му дозволи „рибрејк“ на противникот, за потоа Дел Потро да ја надополни и негативата од 0-3 во тајбрејкот и да поведе со 1-0 во сетови. Швајцарецот успеа да возврати со брејк во десеттиот гејм од вториот сет и израмнување на 1-1 (6-4), за потоа Дел Потро да направи брејк на самиот старт од третиот сет.
Аргентинецот имаше водство од 1-0 и сервис, но потоа Федерер направи четири серија од 4-0, целосно ја презеде контролата и а крајот заслужено триумфираше со 6-7, 6-4, 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА