Роџер Федерер ја продолжи својата доминација во настапите во Хале, турнирот што важи за најомилен на швајцарскиот тенисер, каде веќе има и девет трофеи. Тој денеска славеше над Американецот Кудла со 2-0 во сетови, стигнувајќи до своето 12. финале во кариерата на овој турнир.
Кудла се покажа како незгоден ривал, целиот меч беше максимално неизвесен, а на крајот пресуди искуството на Федерер. Првиот сет беше решен во тајбрејк, во кој Швајцарецот ги доби првите шест поени и лесно триумфираше со 7-1. Во вториот Кудла не искористи неколку брејк-шанси, за Федерер да блесне во самиот финиш и да слави со 7-5.
Ривал на швајцарскиот ас во финалето при атакот на десеттиот трофеј во Хале ќе биде подобриот од дуелот Чориќ – Баутиста Агут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА