Федерер влегува во тениската „Куќа на славните“

Роџер Федерер ќе го добие признанието што апсолутно го заслужува откако швајцарскиот великан беше избран меѓу тројцата кандидати за влез во „Тениската куќа на славните“ во Њупорт за 2026 година.

Федерер долго важеше за најдобар светски тенисер на сите времиња, Швајцарецот освои 20 гранслем титули и урна бројни рекорди во текот на својата кариера, во која сепак на крајот имаше надолна линија пред се поради честите повреди на тенискиот великан. Тој последниот официјален меч го одигра на четвртфиналето на Вимблдон во 2021 годиа, а нешто подоцна и официјално се збогуваше од тенисот во настап на „Лејвер купот“, но во дубл.

Беше само прашање на време кога Федерер ќе стане дел од избраното друштво во „Куќата на славните“, а веќе е јасно дека тоа ќе се случи во текот на следната година.

Покрај него, кандидати за ова престижно признание се Хуан Мартин дел Потро и Светлана Кузњецова, гласањето и официјално е стартувано, а Американците немаат строги правила колку од предложените кандидати и официјално ќе бидат примени во „Куќата на славните“.

Сепак, кога станува збор за легендарниот Роџер Федерер, тука не би требало да има никаква дилема…

Се вчитува...