Федерер во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Мајами. Тој во осминафиналната пресметка со 2-0 во сетови го совлада Русинот Данил Медведев и во следната рунда ќе се сретне со Кевин Андерсон.

Федерер го доби првиот сет со 6-4 во гемови, а потоа комплетно го разби противнникот и во вториот сет му препушти само два гема. Швајцарецот го комплетираше триумфот за само 63 минути на теренот.

Се вчитува...