Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер изјави дека нема големи очекувања од сезоната на земја, бидејќи на подлогата нема играно две години. Федерер сезонава одлучи повторно да игра на земјена подлога, на која ги пропушти турнирите во последните две сезони.
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња ги пријави турнирите во Мадрид и Ролан Гарос.
„Не сум голем оптимист пред враќањето на земја. Заборавив како е да се движиш на земја. Не одиграв ниту еден поен, ниту еден удар на земја минатата година. Пред две години на земја тренирав само два дена. Пред три години не се чувствував убаво во Монте Карло и во Рим. Не знам што да очекувам. Секако фактот што го освоив Мајами ми го намалува притисокот. Возбуден сум, пред мене е голем предизвик“, изјави Федерер.
Сезонава Швајцарецот во Дубаи стигна до 100. АТП титула во кариерата, а на Мастерсот во Мајами дополнително го зголеми бројот на освоени трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА