Федерер загуби сет, па се „налути“

Роџер Федерер се соочи со неочекувани проблеми на својот премиерен меч на Вимблдон годинава, откако во првиот сет загуби со 3-6 од дебитантот Лојд Харис од Јужна Африка. Тоа беше сосема доволно за швајцарскиот ас да се „налути“ и да ја преземе контролата во свои раце, експресно да возврати со 6-1, а потоа да ги добие и наредните два сета со идентични 6-2.

Федерер мина на теренот еден час и 50 минути за да обезбеди пласман во втората рунда, каде ќе се сретне со подобриот од мечот Кларк – Рубин.

Цонга лесно и убедливо со 3-0 во сетови го преслуша Бернард Томиќ, а со ист резултат Жил Симон го доби својот дуел со Карузо од Италија.

На женскиот дел од турнирот елиминирана беше Мугуруза, која загуби со 0-2 во сетови од бразилската тенисерка Хадад Маиа. Во првото коло својот настап го заврши и Саманта Стосур, која беше поразена со 2-6, 5-7 од Санчез Наваро.

Се вчитува...