Повеќекратната светска шампионка, Федерика Пелегрини по шест седмици пауза се врати во природната средина, во водата во базен откако во Верона беа отворени овие спортски објекти. Ова за најдобрата италијанска пливачка требаше да биде период за подготовки за настап на Летните олимписки игри во Токио, но поради одлагањто на ЛОИ и поради целиот застој што го предизвика коронавирусот, Пелегрини сега само полека ќе се враќа во форма. Во текот на оваа година нема да има големи пливачки настани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА