Како што стојат работите, Федерико Киеза ќе се врати во Италија веќе во јануарскиот преоден рок. Крилниот напаѓач на Ливерпул е подготвен да му се приклучи на Наполи на позајмица.
Како што објавуваат европските медиуми, станува збор за шестмесечна позајмица која на поранешниот член на Фиорентина и Јувентус ќе му даде можност да ја врати разнишаната самодоверба. Нема подобра средина за тоа од лигата во која ја мина целата своја кариера до ова лето и еднаш се наметна како еден од најперспективните напаѓачи во светот.
Тренерот на Наполи, Антонио Конте веќе стапил во контакт со агентот на играчот и изразил голема желба да го доведе синот на Енрико Киеза во Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА