Титулата во холандското првенство е на дофат на екипата на Феенорд, која има огромни осум бода предност во однос на второпласирниот ПСВ Ајндховен и третопласираниот Ајакс.
Откако пред петнаесетина дена сред Амстердам го изненади Ајакс, тимот на Феенорд попладнево славеше и на градското дерби со Спарта Ротердам со 1-3, на огромна адост на своите фанови. Бразилецот Игор го доведе Феенорд во водство во 12. минута, домаќините израмнија уште во првото полувреме, а Спарта пропушти идеална шанса за пресврт пред крајот на првото полувреме, кога Ван Круј не реализираше пенал.
Казната стигна во последните 20 минути, во кои Феенорд постигна два погодоци, преку Хименез и Ханко, за големи три бода на овој натпревар.
Ајакс претходно ремизираше само 0-0 на гостувањето против Го Ахед Иглс, уште еден резултат што му оди во прилог на Феенорд во походот по 16. титула во клупската историја, прва по 2017 година,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

