Феенорд го освои Суперкупот на Холандија

Тимот на Феенорд е освојувач на Суперкупот на Холандија, откако по подобро изведување пенали го совлада актуелниот првак ПСВ Ајндховен, и тоа на негов терен. Во регуларниот тек, по 90 минути, мечот заврши без голови, а херој беше голманот на Феенорд, Џастин Бијлоу.

Тој бранеше и во текот на средбата, но и потоа при решавачките удари од белата точка. На крајот, Феенорд славеше на пенали, со 6-5.

Наградата во Суперкупот на Холандија го носи името на легендарниот холандски фудбалер Јохан Кројф.

Се вчитува...