Феенорд поради Стерлинг ќе тренира во Белгија

Рахим Стерлинг стави крај на голготата во Челси и зимата ја искористи за трансфер во Фејенорд. 31-годишникот имаше повеќе понуди на маса, но се одлучи за онаа на холандскиот тим, каде сепак се соочи со проблеми.

Стерлинг не може да тренира во базата на Фејенорд поради проблеми со работната дозвола. Се додека не ја добие истата нема да биде дел од тимот во Холандија, но веќе е најдено решение за проблемот.

Фејенорд е подготвен да направи отстапување за Англичанецот и да ја пресели тренинг-базата во Белгија, потври и тренерот Робин ван Перси.

„Има дозвола за тренинг во странство. Ќе го направиме тоа за него, но сакам и да работиме на подобрување на тимот. Можеме да водиме интересни разговори и да направиме нешто интересно сите заедно.

Ќе го следиме Рахим од недела за недела. Ќе му биде потребно време да влезе во натпреварувачка форма. Тоа е логично. Нема настапувано веќе шест месеци“, изјави Ван Перси.

Во Фејенорд се импресирани од физичката форма на доскорешниот фудбалер на Челси со оглед на тоа што од стартот на сезоната тренираше само индивидуално.

Се вчитува...