Феенорд се откажа од Миовски, донесе нов голгетер од САД

Феенорд пред два месеци покажа сериозен интерес за Бојан Миовски, но холандскиот вицешампион на крајот се реши за поинаква опција во нападот. Челниците на Феенорд ја завршија потрагата по нов голгетер доведувајќи го на „Де Кајп“ Хулијан Каранца, кој важи за еден од најдобрите напаѓачи во американската МЛС-лига.

Овој 24-годишен Аргентинец постигна 43 гола и 20 асистенции на досегашните 95 средби во дресот на Филаделфија, а по интересот на Феенорд самиот Каранца притиснал кај управата на клубот да добие шанса да се пресели во Европа, воедно и да заигра во Лигата на Шампионите. Сите детали од трансферот се веќе договорени и се чека само официјализацијата од страна на холандскиот фудбалски гигант.

Феенорд денеска го официјализираше доаѓањето на 22-годишниот плејмејкер Крис Кевин Надје, кој за сума од 500.000 евра пристигна од францускиот нисколигаш Версај.

Се вчитува...