Феенорд славеше над Фенербахче, Бенфика до голема победа против Ница (ВИДЕО)

Фудбалерите на Феенорд славеа на домашен терен против Фенербахче со 2-1 во првиот натпревар од двомечот од 3. коло во квалификациите во Лигата на шампионите.

Домаќините поведоа уште во 19. минута кога Тимбер стрелаше за 1-0. Гостите ја затресоа мрежата на противникот преку Ен Незири во 44. минута, но по прегледување на ВАР голот беше поништен поради офсајд.

Избраниците на Жозе Мурињо успеаја да израмнат на 1-1 во 86. минута преку Амрабат, а конечните 2-1 ги постави Хаџ Муса во 91. минута.

Feyenoord 1-0 Fenerbahce – Quinten Timber 19'
byu/Meladroit05 insoccer

До победа на гостински терен стигна Бенфика која славеше против Ница со 0-2. Гостите поведоа со 0-1 во 53. минута преку Ивановиќ, додека конечните 0-2 ги постави Флорентино во 88. минута.

Nice 0-2 Benfica – Florentino 88'
byu/Meladroit05 insoccer

Се вчитува...