Фејт Кипјегон – трикратна олимписка шампионка

Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон го одбрани златниот медал на 1.500 метри на Олимписките игри во Париз.

Кипјегон победи со нов олимписки рекорд од 3:51,29 минути. Австралијката Џесика Хул освои сребро со 3:52,56 минути, а Британката Џорџија Бел со 3:52,61 минути бронза, што е нов национален рекорд.

Кипјегон го освои својот трет последователен олимписки медал на 1.500 метри, по Токио и Рио де Жанеиро.

Тоа е нејзин втор медал во Париз, по среброто во трката на 5.000 метри.

Се вчитува...