Набил Фекир минатото лето беше поврзуван со Ливерпул, но трансферот вреден 60 милиони евра пропадна буквално во „пет до дванаесет“, откако францускиот репрезентативец дури и беше сликан со дрес на „црвените“. Во меѓувреме тој беше поврзуван со Баерн, Челси и Милан, но Фекир изненади со изборот на нов клуб – потпишувајќи за Бетис.
„Зелените“ од Севилја умешно ги водеа преговорите со Лион, па на крајот беше постигнат договор – Бетис ќе плати почетни 20 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони преку неколку клаузули, а Лион ќе добие и 20% од следниот трансфер на Фекир. Францускиот репрезентативец веќе пристигна во Севилја, а по лекарските прегледи најдоцна до утре и официјално ќе потпише петгодишен договор со Бетис.
Трансферот на Фекир со нетрпение го очекуваа челниците на Тотенхем, кои сега имаат зелено светло за да го комплетираат ангажманот на Џовани Ло Целсо. Аргентинскиот плејмејкер беше најдобар фудбалер на Бетис минатата сезона, бележеше добри игри и за време на Копа Америка, по што Тотенхем се согласи да плати почетни 65 милиони евра за да го доведе во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА