Фекир потпишува за Ливерпул за 65 милиони евра

Европскиот клупски вицепрвак, тимот на Ливерпул, успеа да ги договори условите за трансфер на францускиот репрезентативец Набил Фекир од редовите на Лион. Тој во текот на денешниот ден треба да ги мине медицинските тестови, а потоа и да потпише договор со клубот од „Енфилд роуд“. Ливерпул за него ќе плати 65 милиони евра, а Лион би можел да добие и дополнителни 7 милиони евра како бонуси за остварени успеси на фудбалерот со новиот клуб.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, долг период го убедуваше Фекир да дојде во Премиер – лигата, и конечно успеа да го реализира планот. Фекир може да игра како офанзивен играч за врска, но и на крилните позиции во составот на Ливерпул.

 

 

Се вчитува...