Фелаини ја доби битката со Ковид-19: Пуштен од болница… (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини по три недели битка со коронавирусот ја напушти болницата во Кина, добивајќи ја битката со Ковид-19.

Белгиецот, кој игра за Шандонг Луненг, беше хоспитализиран со позитивен тест на коронавирусот на 22. март. Сега е излечен, но ќе мора да мине уште две недели во карантин.

Фелаини тогаш беше првиот фудбалер од кинеската Суперлига заразен со коронавирусот.

Се вчитува...