Белгискиот интернационалец Маруан Фелаини ќе го напушти Манчестер јунајтед ова лето, но по се изгледа дека ќе остане во Премиер – лигата. За него сериозен интерес појави Арсенал, а новиот менаџер Унаи Емери му ветува многу поголема минутажа од таа што ја имаше во тимот на Жозе Мурињо.
Претставниците на Арсенал веќе имаа разговори со агентот на Фелаини и трансферот е начелно договорен. Неговиот договор со Манчестер јунајтед истекува на 30 јуни, а потоа како слободен агент тој ќе се пресели на „Емирати“. Се очекува Фелаини да потпише тригодишен договор со „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА