Феликс Брих избришан од листата на ФИФА

Германскиот судија Феликс Брих е тргнат од листата на ФИФА за 2022 година. Неговото име не се најде на списокот лиценцирани меѓународни судии на германската федерација и со тоа остана без значката на ФИФА.

Брих 14 години беше меѓу најдобрите судии во Европа и светот. Судеше дури 65 натпревари во Лигата на шампионите, а во 2017 година ја имаше честа да биде главен арбитар на финалниот меч во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Јувентус.

 

Се вчитува...