Феликс и Кансело завршија со Барселона

Каталонскиот гигант Барселона соопшти дека договорите на Жоао Кансело и Жоао Феликс се истечени и дека тие нема да ја продолжат кариерата во клубот од „Камп ноу“.

Иако во принцип постои опција повторно да играат како позајмени фудбалери во Барселона, изборот на зборови употребени при објавувањето на оваа информација укажува дека, барем засега, Барселона не планира да ги зачува овие двајца фудбалери.

„Ви благодариме Жоао Феликс и Жоао Кансело“, соопштија од Барселона. 

Се вчитува...