Феликс: Во Барселона сакам да играм на лево крило

Фудбалерот на Барселона и португалски репрезентативец Жоао Феликс изјави дека би сакал да игра на позицијата лево крило во каталонскиот клуб.

Феликс е член на Атлетико, но до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Барселона.

„Се чувствувам удобно кога играм на лево крило. Мислам дека тоа е позицијата на која ќе играм кајj Чави. Тимот ме пречека добро. Имаме млад тим, а ова е добра група на играчи која сака да победува“, изјави Феликс. 

Се вчитува...