Бразилскиот возач Фелипе Маса и следната сезона останува во Формула 1.
Иако минатата недела Маса не сакаше да ја соопшти својата одлука, директорката на тимот за кој вози Маса изјави дека нема причини да не се продолжи соработката, и тој сигурно останува во Формула 1.
„Не гледам причина зошто не би возел уште една година. Се врати од пензија да му помогне на тимот и вози одлично. Уште многу може да ни помогне, и тоа е јасно и за самиот Маса кој го потврдува тоа“.
Маса сезонава освои 20 бода, потврдувајќи дека и тоа како уште може да даде за „Ф1 циркусот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА