Фелипе се пофали со дрес од Пандев: Чест е да се добие ваков подарок од ‘Ил феномено’!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев вчера го одбележа својот 400-ти официјален натпревар во Серија А.

Италија го прослави јубилејот на македонскиот репрезентативец кој е идол и на многу фудбалери ширум светот. А, еден од оние кои се восхитуваат на Горан Пандев е и вардаровиот Бразилец Хуан Фелипе кој денеска преку социјалните мрежи се пофали со дрес од капитенот на македонската селекција.

„Чест е да се добие ваков подарок од кралот на фудбалската игра. Идол и на терен како фудбалер и надвор од него. Ти благодарам ‘Ил Феномено’“ – напиша Фелипе покрај фотографијата со дресот на Горан Пандев.

Се вчитува...